Резинков: Можна е голема руска офанзива врз Украина во јануари

21

Русија распореди повеќе од 94.000 војници во близина на границите на Украина и можеби се подготвува за голема воена офанзива кон крајот на јануари, изјави денеска во Парламентот украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников повикувајќи се на разузнавачки извештаи.

Тој потенцира дека Украина нема да направи ништо за да ја испровоцира ситуацијата, но дека е подготвена да возврати доколку Русија изврши напад.

– Нашата разузнавачка служба ги анализира сите сценарија, вклучително и најлошото. Во него се наведува дека постои можност за голема ескалација од Русија. Најверојатно време да се постигне подготвеност за ескалација ќе биде крајот на јануари, посочи Резников.

Украина неделава изврши притисок врз своите сојузници од Европска Унија и од НАТО да подготват остар пакет санкции со цел да ја одвратат Русија од офанзива.