Регулаторот на ЕУ заклучи: Двовалентната вакцина може да ја користат невакцинирани деца и возрасни

33

Европската агенција за лекови денеска соопшти дека нејзината работна група за итни случаи заклучила дека двовалентната РНК вакцина против Ковид може да ја користат невакцинирани деца и возрасни.

Регулаторот наведува дека овие вакцини се однесуваат на оригиналниот сој, како и на подваријантите Омикрон БA.4 и БA.5.

Вакцините од компаниите Фајзер, Бионтек и Модерна моментално се одобрени само како засилувачи во Европската унија.