Шпанскиот кошаркарски гигант, екипата на Реал Мадрид, го официјализираше трансферот на 24-годишниот Алберто Абалде. Тој во Реал пристигна од Валенсија и тоа откако ја плати откупната клаузула од 1.5 милиони евра. „Кралевите“ не сакаа да влегуваат во конфликт со нивниот конкурент од АЦБ лигата и официјално да платат ваква голема сума, меѓутоа повеќе од јасно е од кого Абалде ги има добиено парите за овој трансфер за кој ќе треба да се издвојат уште 700.000 евра данок што значи целата операција изнесува 2,2 милиони евра.

Со ова споменатиот трансфер стана еден од најскапите во историјата на европската кошарка, па сега на Абалде, кој потпиша петгодишен договор, му останува да ја оправда довербата и го потврди својот квалитет и под водство на Пабло Ласо.