Реал Мадрид за само неколку дена доживеа уште еден пораз во Евролигата, откако овој пат загуби на гостувањето кај Макаби Тел Авив со 86:84. Двете екипи одиграа рамноправен натпревар, но Макаби се снајде подобро во драматичната завршница и дојде до победата. Најефикаесен во победничкиот тим беше Дорси со 30 поени, додека на спротивната страна Томпкинс постигна 20 коша.

Реал има ефект 13-8, додека Макаби стигна до десеттата победа и има скор од 10-11 во досегашниот тек на сезоната.

Резултати: Зенит-Анадолу Ефес 85:78, Панатинаикос-Химки 94:78, Лион-Валенсија 90:77, Милано – Баерн 75:51.