Рајко Дујмиќ од “Нови фосили“ во затворска болница!

141

Некогашниот југословенски хит мејкер (автор и на “Макфестовскиот“ хит “Ѕвона ѕвонат“во изведба на Љупка Димитровска-Калоѓера) и основачот на хит групата “Нови фосили“, Рајко Дујмиќ од пред некој ден се наоѓа во затворската болница, во “Светошимунска“ во Загреб. Адвокатката Сандра Ханчиќ од адвокатската фирма “Грубеша“ и партнерите кои на судот го бранат композиторот Рајко Дујмиќ велат дека не се искрено сигурни зошто Рајко е токму таму, бидејќи неговата здравствена состојба е негова лична работа. Инаку, Дујмиќ, полицијата го сомничи за кривично дело – физичка и психичка штета која ја направил на својата сопруга Сњежана. Тој не смее да комуницира со неа поради опасноста од влијание врз сведоците…