Рација во Босна: Уапсени 18 дилери, запленет половина тон марихуана

14

Босанската полиција уапси денеска 18 лица осомничени за шверц на дрога, a заплени и рекордни половина тон марихуана.

Серијата полициски рации биле извршени во Зеница, Сараево, Травник и Какањ. Големото количество марихуана било запленето во стан во Бијељина.

Освен марихуана, организираната група шверцувала и хероин, јави новинската агенција Танјуг.