Поранешниот француски тенисер Фабрис Санторо  во интервју за „Tennis legends“ направи споредба меѓу светскиот рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ,  Швајцарецот Роже Федерер и Шпанецот Рафаел Надал.

Тој се присети на времето кога беше капитен на егзибициониот турнир ИПЛТ. Тој имаше само пофални зборови за Федерер и Надал, а за Ѓоковиќ дека е поразличен.

-Имам непроценливи спомени со нив. На двајцата им бев капитен и сречен сум заради тоа. Поминав феноменално време со нив. Тие се многу нормални и во исто време единствени, изјави Санторо и додаде:

-Тоа се двајца извонредни момци како што нема да видиме повеќе во тенисот. Кога сте во близок контакт со нив ќе може да видите колку се интелигентни. Ќе видите како сакаат да играат и во исто време да победуваат, а што е најважно секогаш се подготвени да учат.

Сантаро соработуваше и со Новак, истакана дека Србинот е пристоен, но не е како Федерер и Надал.

-Тој исто така е пристоен, но не сака да биде толку близок со капитенот. Со него не може да имате ист однос ( како со Рафа и Роже). И него го сакам, само на поинаков начин, откри Санторо.