Рауфи до Заев: Дали се сеќаваш дека ни кажа дека Синиша Алексовски е автор на “Монструм”?

181

Денеска во Кривичниот суд, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го испрашуваше и адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од обвинетите во “Монструм” .

Тој, како што објави Фокус, го праша Заев дали се сеќавал на еден состанок, на кој имало и претставници од меѓународната заедница.

-Дали се среќавате на една средба, бевме 12-мина, имаше и претставници од меѓународната заедница, кога разговаравме за “Монструм”, праша адвокатот Рауфи, а Заев истакна дека сега се потсетил.

Тогаш адвокатот додаде:

“А дали се сеќавате дека рековте дека автор на предметот, на “Монструм” е Синиша Алексовски, праша Рауфи.

Заев одговори дека не се сеќава на такво нешто.

-Не се сеќавам да сум спомнал такво нешто. Може сум прочитал нешто, сум слушнал нешто, и затоа пак ќе кажам дека случајот треба да се истражи до крај, истакна лидерот на СДСМ.

Прашан за тоа и каде се чувале бомбите и дали постоела опасност некој да украде нешто, Заев одговори дека материјалите биле под клуч во неговата канцеларија.

-Тие материјали се чуваа во мојата канцеларија, во делот кој што е под клуч, па затиа пристап имав само јас, истакна Заев.