Ратко Младиќ однесен во болница

92

Генералот Ратко Младиќ, во четвртокот попладне е префрлен во болница во Хаг, од притворското одделение во Шевенинген, затоа што му било лошо.

Иако се очекуваше тој во четвртокoт да биде пуштен, сепак е задржан за понатамошни прегледи, рече за Tанјуг неговиот син Дарко Младиќ.

Тој додава дека во средата Младиќ го посетила неговата сопруга, која и во четвртокот го посетила во болница. „Мајка ми ја уверуваа дека не е ништо страшно, а очекуваме понатамошни информации“, вели Дарко.

Ратко Младиќ е во притвор во Хашкиот трибунал од јуни 2011 година. На 22 ноември 2017 година беше осуден на доживотна казна затвор поради воени злосторства во Босна и Херцеговина, а неговите бранители вложија жалба на таа одлука.