Расфрлано отров низ населба Аеродром

242

На јавни површини во општина Аеродром има расфрлено отров со што се загрозува животот на животните и на луѓето. Информацијата ја споделија од општина Аеродром од каде информираа дека инспекциските служби излегле на терен, а сезонските работници го пребаруваа секој сомнителен реон.

– Општина Аеродром ја информира полицијата и апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини, кои претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите.  Доколку забележите супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете во полициската станица „Аеродром“ на телефонскиот број 02/2432-362. Исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица –  велат од Општина Аеродром.