Распишан конкурс за новинарски текст на тема: Јазикот нашето културно богатство

43

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во рамките на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ која ќе се одржи  во соработка со  Канцеларијата на Европската Унија во РСМ и Градот Скопје, распишуваат Конкурс за новинарски текст на тема: „Јазикот нашето културно богатство“ (во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески)

На конкурсот своите есеи можат да ги пријават новинари на медиумите (пред се) од Скопје, (но и новинари од медиумите во другите места на Република Македонија) кои се ангажирани во новинарството, било во работен однос, по договор на дело или новинари кои имаат хонорарен ангажман во електронските, во печатените, во радио-дифузните (ТВ-канали, радио-станици) и во интернет-медиумите (портали и блогови).

Во рамките на темата „Јазикот нашето културно богатство“, испратениот текст треба да биде без дневно-политички конотации и да содржи сопствен, специфичен наслов. Новинарите од различни етнички припадности, есеите можат да ги испратат во верзија напишана на својот мајчин јазик, со превод на македонски.

Текстовите-есеите може да се испраќаат до 15 ноември 2021 година на e-mail  адресата: skleto@unet.com.mk. Ќе бидат наградени три есеи од страна на тричлена Комисијата на конкурсот, во рамките на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ и свечено ќе им бидат врачени на наградените новинари.

(С.Бл.)