
Лондонскиот премиерлигаш Челзи со голем интерес ја следи ситуацијата околку бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Рапфиња. Раководните лица на Барса не кријат дека не се премногу задоволни од играта и ефектот на крилниот напаѓач и затоа ќе ја разгледаат и опцијата за негова продажба доколку официјалната понуда за обештетувањето не биде помала од 60 мил. евра.