Раперката Карди Би прогласена за „Жена на годината“

Многумина не се задоволни со нејзинот избор, но таа не е загрижена

244

 Раперката Карди Би од Billboard е прогласена за „Жена на годината“, а наградата ќе ѝ биде врачена идниот месец. Многумина не се задоволни со нејзиниот избор, но таа навистина не е загрижена. Некои веруваат дека пејачката, која издаде само една песна оваа година, не го заслужува таквиот избор. Важно е да се нагласи дека песната што ја објави е исто така една од најголемите хитови оваа година. Песната WAP, која ја објави со Меган Ти Сталион, предизвика бројни реакции веднаш штом беше објавена во август. Многумина веќе ја нарекоа најконтроверзната песна на годината. Во спотот  се појавува и Кајли Џeнер. И додека некои се згрозени од стиховите на песната, други тврдат дека песната ја слави и охрабрува женската сексуалност и феминизам.

„За сите што се жалите дека имам само една песна. Да, јас ја имам таа една песна. Сите ја знаете. Таа е онаа што најмногу се продаваше, најмногу проследуваше, за која републиканците лелекаа на „Фокс њуз “. Песната што вашите баби ја покажуваа на ТикТок. И, да, јас влијаев сите овие години, ви велев да гласате, и не само кога Бајден се натпреваруваше против Трамп, ве предупредував за сенаторите. Трошев пари за средби со луѓе како Берни Сандерс. Патував, уморна после концертите. Да, тоа сум јас”, им порача Карди на хејтерите во видеото што го објави на Инстаграм.

Покрај наградата „Жена на годината“, Billboard ќе ја додели и наградата за Икона, на онлајн наградите во декември на музичарките: Клои х Хали, Дуа Липа, Џеси Рејез, Доли Партон и Џенифер Лопез.