Рама со шлаканица до Софија: Зошто ја блокирате Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни!

-Зошто ја блокирате Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни! Зошто ги блокирате самите преговори? Зошто блокирате реформи? Ова е најантиевропска политика што може да се замисли, ова е најстрашен пристап кон нашата иднина и долгорочно ова е еднакво штетно и опасно и за нив, не само за нас. Ова е лудо! Целосно лудо.  Па така сега се занимаваме кои се мајката и таткото на Александар, кој е овој, кој е оној… какви глупости! Мислите дека обичен грчки таксист денес е навистина антички ексклузивен наследник на Платон? Јас не мислам. Ова се тешки глупости и сите ние се занимаваме со ова до точка кога нашата иднината е загрозена, порача  албанскиот премиер  Еди Рама, вчера, во Тирана. Тој упати остри критики до официјална Софија поради блокадата на  Македонија. Ја обвини Бугарија дека со ваквите блокади предизвикува само пад на поддршката за ЕУ и појасни  дека земјите членки кои блокираат се водат од тоа „кој беше овде прв кога од мајмуни станавме луѓе“.

236

Остри критики упати албанскиот премиер Еди Рама до официјална Софија поради блокадата на македонскиот евроинтегративен пат. Рама ја обвини Бугарија дека со ваквите блокади предизвикува само пад на поддршката за ЕУ и предупреди дека „политиките на блокади се ужасни, одвратни и антиевропски“.

 -Зошто ја блокирате Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни! Што ви е поентата? Што сакате да постигнете со блокадата на Северна Македонија? Што мислите дека ќе постигнете? Да падне поддршката во ЕУ, само тоа можете да го постигнете. Ова е најантиевропска политика што може да се замисли, ова е најстрашен пристап кон нашата иднина и долгорочно ова е еднакво штетно и опасно и за нив, не само за нас. Ова е лудо! Целосно лудо, рече албанскиот премиер на настан, вчера во Тирана, организиран од Балканскиот центар за конструктивни политики – Солуција, во соработка со Белградскиот центар за безбедносни политики и фондациите Отворено Општество и Рокфелер.

Вербалната шлаканица од Рама до официјална Софија се однесуваше и на сите ЕУ членки кои користат билатерални прашања за блокирање на евроинтегративниот процес. Албанскиот премиер предупреди дека ваквите практики оставаат можност во иднина постојано земји членки да блокираат аспиранти за членство во Унијата.

-Што значи ова? Дека сега за секоја земја која сака да се зачлени, може да се појави друга и да каже – а, не, прво да видиме кој беше овде прв, кога од мајмуни станавме луѓе, дали бевме ние или вие. Падот на поддршката кон ЕУ е резултат токму на ова ср..е! Национализмот ја киднапираше ЕУ и ЕУ станува жртва на националистичките пориви на земјите, една, па друга. Решението е просто – не може билатералните прашања да блокираат! А ако некоја земја сака да глуми дека некое билатерално прашање е европско, тогаш мора да има барем уште една што ќе ја поддржува. Не може 26 земји да кажат – ова е билатерално прашање, една да тврди дека е европско, и наеднаш тоа да стане европско, посочи Еди Рама.

Според албанскиот премиер, неразбирливо е да се блокираат реформи.

 -Наместо Бугарија да рече, добро ние имаме проблем со Северна Македонија (иако јас не им го разбирам проблемот, искрено), ама ајде да го оставиме настрана, а преговорите и трансформацијата на земјите да течат, тие бојкотираат. Зошто ги блокирате самите преговори? Зошто блокирате реформи? Лудо! Одвратно, рече Рама. 

Албанскиот премиер направи паралела и со историски настани и порача дека е опасно кога минатото станува повлијателно од иднината.

-Истово се случи со Константинопол, додека Грците се занимаваа дали ангелите имаат секс, султанот ги освои. Така и ние сега, се занимаваме дали ангелите имаат секс, во регион во кој баш и нема ангели, а опасностите се тука. Нашите проблеми во регионот почнаа тогаш кога добивме држави. Претходно тука си имаше луѓе кои живееја заедно, без разлика на своите различности, тераа бизнис заедно, се женеа и мажеа меѓу себе, се разведуваа…  Штом добивме држави, почнаа проблемите. Па така сега се занимаваме кои се мајката и таткото на Александар, кој е овој, кој е оној… какви глупости! Мислите дека обичен грчки таксист денес е навистина антички ексклузивен наследник на Платон? Јас не мислам. Ова се тешки глупости и сите ние се занимаваме со ова до точка кога нашата иднината е загрозена, порача Рама.