Рама – Нема предвремени избори и ако ЕУ каже „не“ за преговори

66

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека доколку Советот на Европа каже „не“ за отворање преговори на Албанија со ЕУ, нема да има предвремени избори и Владата ќе ја продолжи со својата работа. Тој вели дека нема зошто Албанија да оди на предвремени избори, бидејќи земјата направила сè за овој процес.

„Доколку предвремените избори би го решиле проблемот меѓу Франција и Германија ќе размислував сериозно“, изјави Рама.

Во земјата, сè почести се ставовите на аналитичарите, поранешни министри и опозицијата, дека на Албанија и се потребни предвремени парламентарни збори.