Рама до Заев: Се надевам дека нема да барат да се викате Западна Бугарија

1122

Албанскиот премиер Еди Рама, денеска на обраќањето во Скопје, по завршувањето на Првиот економски форум, го коментираше неуспехот на ЕУ да испорача почеток на преговори за Северна Македонија и за Албанија.

„За мене ова не е чекање, едноставно треба да продолжиме да го правиме истото, да одиме напред и не само да се потпираме на тоа што го кажува Брисел, меѓутоа да се потпираме на самите себе, на нашата сопствена енергија да направиме максимум со цел да ги споиме мисиите во една мисија, народите во еден народ, земјите во една зона каде што нема да има ограничувања на соработката“, рече Рама.

Тој во шега истакна дека се надева дека Бугарија нема да бара нешто ново од Северна Македонија, на патот кон ЕУ.

„Сите имаат право да се чувствуваат целосно фрустрирани затоа што одеднаш сега се појавува Бугарија и бара нешто повеќе. Му реков на Зоран се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија затоа што тогаш ќе треба да се вратите пак кај Грците да преговарате“, рече на шега Рама.