Разочарувањата од Мадона во Тел Авив не престануваат: Поп-кралицата треба да се повлече од музичката сцена!

78

Светот уште зборува за овогодишниот избор за „Песна на Евровизија“, кој иако претставуваше прослава во чест на музиката, сепак беше и разочарување од настапот на мегаѕвездата Мадона. За настапот на кралицата на поп-музиката која се појави како гостинка на финалната вечер, во јавноста со денови кружеа гласини дека бил неочекувано политички настроен поради тоа што на крајот од нејзиниот настап, на видеобимот зад неа блеснале зборовите „Разбуди се!“. Згора, на сцената се појавија двајца танчари кои ги носеа знамињата на Израел и на Палестина на грбовите.

– Никогаш нема да престанам да ја изведувам својата музика за да угодам на нечија политичка агенда, ниту пак ќе престанам да зборувам против прекршувањата на човековите права без разлика на тоа каде во светот се случуваат – изјавила Мадона во врска со гласините дека се обидела да го бојкотира фестивалот.

Пеењето на Мадона, исто така предизвика бројни реакции меѓу љубителите на музиката кои имаа негативни критики велејќи дека таа многу фалширала, дека тоа не е веќе таа истата Мадона, па би требало да почне да размислува за повлекувањето од сцената. Доволно пари заработила, нека направи место за млади пејачки, гласеле коментарите за неа.                                                                                           Д.М.