Размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики помеѓу македонските и француските средни училишта

48

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер ја промовираа иницијативата за воспоставување партнерства за соработка и размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики помеѓу македонските и француските средни училишта.

Во соработка со Академскиот регион Оверња-Рона-Алпи во Франција, Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје, како и Националната агенција за европски програми и мобилност, Град Скопје е домаќин на претставници од Академскиот регион кои воспоставуваат соработка со средното училиште „Орце Николов“ кое има франкофонски билингвални паралелки со „Филибер Делорм“ од Ил Д’Або и „Васил Антевски Дрен“ кое во својата програма нуди изучување на францускиот јазик како втор странски јазик во економско-правната струка во текот на четиригодишното образование со Леонардо Да Винчи – од Вилфонтен, Франција.

Покрај овие училишта кои се вклучени во проектот, делегацијата од Академскиот регион освен училиштата со кои ќе се оствари соработка ќе го посетат и средното угостителско училиште „Лазар Танев“.

Академскиот регион Оверња-Рона-Алпи опфаќа три академии, Клермон-Феран, Лион и Гренобл и е надлежен за усогласување и спроведување на политиките на Министерството за национално образование на Франција и воспоставувањето соработка на образовен план со овој Академски регион отвора можности за соработка и мобилности помеѓу француските и македонските образовни установи.