Разбранувања околу настапот на Дино Мерлин – Петар Ренџов отворено до скопскиот Градоначелник: “Ако не знаете, должни сте да прашате !“

455

“Полудев, протестирам….“ токму со овие зборови од својот ФБ, на скопскиот Градоначелник Шилегов му се обрати познатиот македонски музичар Петар Ренџов. Тој е тотално разочаран од најавениот настап на познатиот босански музичар Дино Мерлин кој на скопскиот Плоштад во Новогодишната ноќ ќе ги пее своите големи хитови и тоа сигурно за солен хонорар. Но, поради тоа стасаа и реакциите и од оние кои не се за концертот на Мерлин – Градоначалнику, ве молам да ни објасните со каква идеа , морал , памет , на кој начин ја одбравте оваа музичка катастрофа и ни ја натурате на Плоштад за новогодишната вечер? Како да им објаснам на моите деца кој е , што пее, на кој јазик Дино Мерлин…..Ако не знаете, должни сте да прашате било која музичка или културна институција да ве упатат дека естетиката е погрешно направена по сите канони и музички стандарди….Протестирам! Напишал меѓу другото Ренџов. Тој веднаш доби и огромна поддршка од истомислениците.

Еве некои од реакциите: Тоа е еден голем удар врз македонската музичка култура…….За мене е важен квалитетот, а Мерлин тоа не е…. Ни на пијано не ги слушам и пеам, напротив, уште повеќе ми се повраќа ако ги чујам, и не сум единствена…..Нека си го носи дома на увце да му пее….. А, и оние другите дедовци што пеат само на плејбек, тие од “Бијело дугме“ што веќе не се ни за телевизија да ги гледаш (само на радио и тоа во ,,рок времеплов”), што ќе не веселеле за ослободувањето на Скопје…..Нема стари и млади!!! Има само добри, помалку добри и лоши уметници….“старциве“ Били Џоел и Пол Макартни го преполнија огромниот “Шеа-стадион“ со млада, средновечна и повозрасна публика….. Се слагам потполно со тебе Ренџов, имаш поддршка. Меѓутоа за да почнат и наши изведувачи да настапуваат треба малку и да сработат. Не може некој со три песни да настапува на Плоштад.Значи треба заеднички и обострано да се работи на овој случај……
Ете, ова се само мал дел од коментарите, најчесто поддршка на иницијативата на македонскиот музичар Ренџов кој решил да протестира против новогодишен настап на Босанецот Мерлин во Скопје на 31 декември. Веруваме, дека има и многу други кои сепак, ќе дојдат на Плоштад да го слушаат Дино. Работа, на музичкиот вкус! Д.М.