Македонскиот кошаркарски стратег Марјан Илиевски повеќе нема да го води составот на Пелистер, а на негово место е назначен Дарко Радуловиќ, кој во минатото беше предводник на МЗТ Скопје.
Илиевски си заминува од клупата на македонскиот прволигаш по три години и тоа поради здравствени проблеми, со тоа што ќе остане во Битола како дел од управата на „пелистерци“.
За Радуловиќ, ова е враќање во македонската кошарка со оглед на тоа што последните ангажмани му беа во Косово и во Унгарија.
Дебито на новата функција ќе го има против Работнички.