Радосна вест: Водителката Анастасија чека второ дете, ќеркичката Дениција ќе си добие бато

467

Познатата водителка (од екраните на ТВ Алфа) Анастасија Деа Богданоска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски, во јавноста попознат како “Бетмен велит“, очекуваат принова во семејството, а радосната вест ја соопшти токму Анастасија.

-Дениција беше најумното бебе, а сега веќе малечко девојче, па затоа желбата и е исполнета. Ќе си добие бато! И додека ја прележувавме короната дознавме дека повторно ќе станеме родители. А, Дениција ќе стане голема дада.

Нашето мало девојче – голема дада! И тоа најумна, најнежна и најгрижлива. На сето ова, времето со втора бременост и 17-месечно девојченце лета како лудо. Не знам веќе кој побрзо расте. Јас, Дениција или бебуш, нежно порача водителката. (фото:ФБ)