Рада извлече жива глава, ја прележа короната

260

Пејачката Рада Манојловиќ заедно со момчето Харис Берковиќ како и со сестра ѝ Маја имаа корона и одвај извлекоа жива глава.
-Сега се чувствувам добро. Маја десет дена имаше температура и болка во мускулите, Харис два дена имаше само висока температура. Сестра ми и јас примивме инјекции против згрутчување на крвта, земавме и антибиотици, изјави изнемоштена Рада која уште долго време ќе ѝ треба за да закрепне.
– Ќе треба да го подобрам имунитетот. И на море морам да одам уште е топло времето. Наесен ме очекуваат настапи и едвај чекам повторно да се дружам со публиката. Оваа корона е страшна болест, чувајте се луѓе како знаете и умете, не зафркавајте се со здравјето. (Д.М.)