Кошаркарите на Работнички потешко од очекувањата славеа над Црна Дрим во домашниот шампионат со 84:81, во заостанат натпревар од осмото коло.

Гостите од Струга имаа добра шанса да дојдат до победа на овој дуел, имаа водство во поголемиот дел од мечот, а воедно и не ги посака обидот за израмнување при шутот на Андреј Настовски во последниот напад.

Најефикасен во победничкиот тим беше Стефан Балмазовиќ со 23 поени и 10 скока, додека Девон Вашингтон натпреварот го заврши со 16 поени и 6 скока. Кај гостинскиот состав прво име беше Џејмс Каухерд со 27 поени.

ФОТО: Петр Стојановски