Почетокот на новата сезона во кошаркарската АБА лига е одложен за 3 октомври поради пандемијата на коронавирусот.

Одлуката за одложување, која беше најавена порано, беше донесена на Собранието на АБА-лигата. Тоа значи дека најдобрите наши клубови, МЗТ Скопје и Работнички, ќе почекаат за стартот на ова регионално натпреварување.

Инаку, сезоната требаше да започне на 19 септември, но истата беше одложена поради неповолната епидемиолошка состојба во регионот.