Зек Ефрон викендов заврши во болница на Ибица, по помал инцидент во базенот. Странските медиуми објавија дека двајца мажи го извлекле актерот од базенот, а неговиот претставник изјавил дека Ефрон завршил во болница само од претпазливост.
Белите дробови му се наполниле со вода
Извори сега изјавиле за TMZ дека Ефрон отишол на нуркање и наводно удрил во дното на базенот и неговите бели дробови се наполниле со вода. Работници кои во моментот работеле во вилата која ја изнајмувал, забележале како плута во базенот, по што веднаш го извлекле и го однеле во болница. Лекарите го прегледале и направиле тестови за да утврдат дека нема повеќе вода во белите дробови и го отпуштиле од болница.
Веќе во неделата објави фотографија на која вежба и изјави дека се чувствува „среќно и здраво“. Ви благодарам на сите за добрите желби“, додаде 36-годишниот актер.
Беше на отворањето на Олимписките игри
Ефрон моментално е во Шпанија, а претходно беше во Париз каде беше виден на отворањето на натпреварувањето на Олимписките игри. Откако САД го освоија златниот медал во гимнастика, актерот им честиташе на социјалните мрежи.
„Горд на тебе, Симон Билс“, напиша тој. Зек и Симон се сретнаа на Олимпијадата 2016 година во Рио де Жанеиро кога Билс рече дека таа и нејзините пријатели биле големи обожаватели на Зек.