Работниците во Шпанија ќе земаат поголем минималец

66

Работниците во Шпанија наскоро ќе земаат поголем минималец. Шпанија го зголеми минималецот на 1.080 евра. Се наведува дека имаат 14 исплати годишно.

Премиерот Педро Санчез најави дека владата годинава ќе ја зголеми минималната плата за осум отсто. Вкупно годишната минимална плата ќе порасне на 15.120 евра. Премиерот вели дека ова е само почеток, во подобрување на положбата на работникот. „Со ова исполнуваме едно од нашите ветувања, за кое верувам дека беше наша демократска обврска: зголемување на минималната плата за таа да биде 60 отсто од просечната плата“, рече Санчез.

Санчез стана премиер на Шпанија во 2018 годна и оттогаш минималната плата се зголеми за 35 отсто од 735 евра месечно. Во исто време, стапката на невработеност во Шпанија се намали на околу 12 отсто, што е најниско ниво од финансиската криза во 2008 година.

Лани во ноември, шпанските работници протестираа за повисоки плати. Поради инфлацијата тие бараа минималната плата да биде над 1.000 евра.