Работи што го уништуваат сонот – несвесни грешки поради кои сме ненаспани!

79

Недостатокот на сон влијае на менталното и физичкото здравје, а оние кои не спијат доволно во текот на ноќта, се повеќе подложни на замор, имаат послаб имунитет, чести промени во расположението и ризик од кардиоваскуларни заболувања. На некои луѓе им е тешко да заспијат и да спијат само неколку часа, а на тоа им влијаат одредени навики.

Ова се само дел од работите кои лошо влијаат врз квалитетот на сонот:

Алкохол

Многумина исто така веруваат дека чаша вино или пиво пред спиење, ни помага да заспиеме побрзо. Но, не е така. Алкохолот е тесно поврзан со неквалитетниот сон.

„Пиењето алкохол пред спиење носи повеќе штета отколку придобивки“, тврди Бреус, додавајќи, дека може да заспиете побрзо, но во втората половина на ноќта, спиењето ви станува лошо“.

Технологија

Користењето мобилен телефон пред спиење го нарушува сонот затоа што светлото на екранот испраќа сигнали до мозокот дека сè уште е ден, а всушност е време за спиење.

Кафе

Многу луѓе имаат потреба да пијат шолја кафе после вечерата, но кофеинот може да предизвика грчеви во стомакот, често мокрење, брзо чукање на срцето и секако недостаток на сон“, вели клиничкиот психолог Мајкл Бреус.

Температура на телото

Температурата на нашето тело игра голема улога во сонот. „Пониската телесна температура овозможува подолг и помирен сон“, вели Бреус, додавајќи дека премногу топлината во текот на ноќта ќе ни го отежне минувањето во фазата на спиење.

Физичка активност

Вежбите се поволни за да го следите вашиот внатрешен часовник. Некои луѓе вежбаат еден час пред спиење, што има лошо влијание врз организмот, бидејќи на телото му се потребни неколку часа одмор помеѓу тренинзите и спиењето.

Масна храна

Масна храна е поврзана со проблеми во РЕМ фазата пред спиење и кај мажи и кај жени. Затоа, треба да го намалите внесот на маснотии и калории во вашиот оброк пред спиење.

Грижи

Ако јадете вистинска храна, избегнувате алкохол и опуштете се пред спиење, а сепак имате проблем со спиењето, причината може да се крие на друго место.

Бреус тврди дека размислувањето за работата и одговорностите што ве чекаат следниот ден, доведува до фрустрација и проблеми со спиењето.

Обидете се да прочитате книга или да слушате музика пред спиење.