Порталот Komando ги издвои вообичаените грешки кои мора да ги избегнувате за да ја зачувате вашата безбедност додека ја користите технологијата.
Кога последен пат сте размислувале за вашите кориснички имиња на различни интернет платформи? Дали некои од нив се премногу лични или лесно препознатливи? Безбедноста на Интернет е поважна од кога било досега, а некои од нас можеби несвесно ги ставаат на ризик нашите податоци.
Еве вообичаени грешки што треба да ги избегнувате, заедно со практични решенија за да се заштитите.
Одговарање на телефон: На прв поглед одговарањето на повици може да изгледа безопасно, но криминалците се повеќе користат напредна технологија за снимање и користење на делови од вашиот глас. Најдобро е прво да му дозволите на повикувачот да зборува. Ако не слушнете одговор, бидете подготвени да го прекинете повикот, вели Командо.
Споделување на социјални мрежи: Повеќето страници на социјалните медиуми поставуваат профили на „јавно“. Ова значи дека сè што објавувате, вклучително и фотографии и лични информации, може да го види секој на интернет. За да ја зголемите вашата приватност, поставете ги вашите профили на приватно. На тој начин, само избраните луѓе што сте ги прифатиле може да ги видат вашите објави и информации.
Гледање документи: Како што е предупредено многу пати, никогаш не отворајте никакви датотеки или документи добиени од непознати испраќачи. Дополнително, дури и гледањето на некои документи во вашето сандаче може да претставува ризик. Во некои случаи, злонамерните документи може да го заразат вашиот компјутер и да им дадат пристап на хакерите. За да се заштитите, погрижете се редовно да го ажурирате оперативниот систем, вклучително и Виндоус, за да ги добивате најновите безбедносни ажурирања.