Англискиот премиерлигаш Ливерпул моментално важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на францускиот интернационалец Адриен Рабио. Искусниот играч за врска пред еден месец стави крај на соработката со италијанскиот калчо гигант Јувентус и моментално има статус на слободен фудбалер. Рабио никогаш не криел дека заинтересираниот клуб мора да му понуди годишна плата не помала од 10 мил. евра.