Ривалот од италијанската Серија А, тимот на Џенова, најверојатно ќе биде следната дестинација на хравтскиот интернационалец, Марко Пјаца. Крилниот напаѓач есенскиот дел од актуелната сезона го одигра како позајмен играч во дресот на Фиорентина, но раководните лица на “виолетовите” ја прекинаа позајмицата со образложение дека се незадоволни од игрите на поранешниот фудбалер на Динамо (З).
Пјаца и понатаму е во сопственост на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, а доколку се пресели во Џенова, ќе има шанса да соработува со капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев.