Пјаниќ стави крај на шпекулациите

132

Босанскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Миралем Пјаниќ, најпосле стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата клупска иднина.

Иако во изминатиот период доминираа информациите дека одличниот играч за врска ќе си замине од Торино и својата кариера ќе ја продолжи во редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Пјаниќ потврди дека и во новата сезона ќе престојува на „Алијанц арена“. Дел од фудбалските медиуми шпекулираа дека Босанецот ќе биде продаден на „кралскиот клуб“ за 80 мил. евра.