На последната средба во Кралското географско друштво во Лондон, Меѓународниот институт за заштита на природата, ги прогласи пчелите како најважни суштества на планетата Земја. Како што наведоа, 70 проценти од светското земјоделство зависи исклучиво од пчели, а опрашувањето е можеби најважната функција на пчелите – им овозможува на растенијата да се размножуваат.

Без пчели, фауната на планетата полека ќе започне да исчезнува.

Исто така, една студија спроведена од неколку универзитети открила дека пчелите биле единствените живи суштества кои не носеле никаков вид патоген – ни габи, ни вируси, ниту бактерии.

За жал, на планентата има се помалку пчели. Една студија откри дека 90% од популацијата на пчели исчезна во последните неколку години. Главните причини за намалување на пчелните семејства се неконтролирана употреба на пестициди, недостаток на цвеќиња и уништување на шумите. Поради оваа причина, многу активисти бараат употребата на пестициди веднаш да се забрани, да се користат природни алтернативи и внимателно да се следат здравјето и опстанокот на пчелите.

Потсетете се и на познатата реченица на Алберт Ајнштајн: „Ако пчелите исчезнат, луѓето имаат да живеат уште четири години“.