Пуџдемон: Не планирам да се откажам од моите идеи

107
Catalan President Carles Puigdemont attends a memorial event at the tomb of former president of the Generalitat, the regional government, Lluis Companys in Barcelona, Spain, October 15, 2017. REUTERS/Ivan Alvarado

Поранешниот претседател на каталонската Влада Карлес Пуџдемон, кој е уапсен во Германија, напиша на неговиот Твитер налог дека не планира да се откаже од своите идеи.

– Сакам целиот свет да разбере: јас нема да се предадам, нема да се откажам, нема да се повлечам поради незаконските дејствија на оние кои ги изгубија изборите или поради самоволието на оние кои се подготвени да се откажат од владеењето на правото и правдата поради „единството на татковината“, наведе Пуџдемон.

Како што претходно јави МИА, Пуџдемон беше задржан во Германија на 25 март, враќајќи се од Финска во Белгија, каде што живееше во егзил од октомври минатата година.

Разрешениот претседател на каталонската Влада е обвинет за поттикнување на бунт поради обид да се постигне независност на Каталонија.

Во моментов на неговиот Твитер налог пишува неговиот тим.