Путин ќе сака да ги освои историските руски територии: Што ако ја добие војната со Украина?!

1371

Ако Путин победи во Украина, тој речиси сигурно ќе ја прошири војната во остатокот од Европа и, во обид да ги врати „историските руски територии“, ќе се обиде да го промени сегашниот светски поредок.

Сè повеќе европски политичари дојдоа до овој заклучок во последните месеци, што помогна да се организира и испрати нова помош за Украина. Се повеќе европски шефови на држави, како францускиот претседател Емануел Макрон, отворено предупредуваат дека Путин нема да застане во Украина и дека неговата евентуална победа ќе има катастрофални последици за Европа.

Се разбира, не сите се убедени во таков развој на настаните. Многумина укажуваат на изненадувачки лошите перформанси на руската војска на почетокот на инвазијата на Украина и велат дека Путин не е способен да се впушти во понатамошни воени авантури. Според нив, тешкотиите на руската армија во Украина значат дека земјата не е толку голема закана за многу поголема и помоќна воена алијанса како НАТО. Покрај тоа, има и такви кои веруваат дека секој директен напад врз една од членките на НАТО алијансата би претставувал самоубиствена мисија за Русија.

Сепак, тој аргумент е прилично кратковид бидејќи го игнорира длабокото влијание што воениот успех во Украина би го имал врз способноста на Кремљ да води војна, тврди Питер Дикинсон, уредник на сервисот УкраинаАлерт на Атлантскиот совет.