Путин: Ќе одговориме на влезот на Шведска и Финска во НАТО

834

Доколку НАТО ја воспостави својата инфраструктура во Финска и Шведска по пристапувањето на овие две земји во Северноатлантската алијанса предводена од САД, Русија ќе одговори со иста мерка, изјави денеска претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

Руските медиуми го цитираат Путин, кој изјавил дека не се исклучени идни тензии во односите на Москва со официјален Хелсинки и Стокхолм поради влезот во НАТО, пренесува Ројтерс.

Коментарот на рускиот претседател дојде еден ден откако Турција го укина ветото за прием на Финска и Шведска во НАТО по потпишувањето на договорот во Мадрид со две нордиски земји за заемна заштита на интересите.