Путин: „Цинично од Западот е да ја игнорира нашата понуда“

230
ФОТО: EPA-EFE/SERGEI BOBYLEV

„Западните земји воведоа неколку рунди санкции кон Русија оваа година.
„Оттогаш овие земји се соочуваат со ненадејна инфлација, пораст на цените на струјата и горивото, делумно поттикнати од нивните сопствени санкции. Светот минува низ трансформација, се движи кон мултиполарен поредок, кој станува доминантен вектор на развојот“, рече рускиот претседател. Владимир Путин, пречекувајќи ги странските амбасадори кои пристигнаа во Русија, пренесува Sputnik International.

Путин истакна дека единствените земји кои се противат на оваа транзиција се оние кои сакаат да ја зачуваат својата хегемонија и да го контролираат светот.
Тој исто така додаде дека најсиромашните земји се најтешко погодени од оваа хегемонистичка политика, како и од санкциите воведени од западните земји.

Тој истакна дека пречките за испорака на енергија, житарки и ѓубрива создадени од западните санкции негативно влијаеле на „невините“ земји во развој и сиромашните земји.

„Во оваа светлина, многу е цинично од Западот да ја игнорира нашата понуда, бесплатно да пренесеме 300.000 тони руско ѓубриво блокирано во европските пристаништа во земјите на кои им е потребно, поради санкциите“, рече Путин.

Западот, исто така, е силно погоден од својата политика на санкции, додаде тој.