„Путин спрема убиства, саботажи, пожари – води тајна кампања во Европа“: Тврдење на висок претставник на НАТО

247

Висок функционер на Алијансата изјави дека рускиот претседател Владимир Путин води тајна кампања во Европа.

Висок функционер на пактот за НАТО изјави дека рускиот претседател Владимир Путин спроведува „тајна кампања во Европа која се состои од планирање атентати, саботажи и палење со цел да ја поткопа јавната поддршка за Украина“, пишува „Јутарњи лист“. Според него, Русија би можела да ја одржи воената економија уште три или четири години.

„Она што го гледаме денес се многу тешки руски загуби. Русија се обидува да заземе територија. Видовме дека украинската одбрана постигнува значителен напредок“, рече претставникот на НАТО.

Денеска во Вашингтон во Соединетите Американски Држави почна самитот на НАТО. Ќе учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Гледаме дека тие напредуваат од ден на ден. НАТО одговори на тајната кампања на Русија за поткопување на европската поддршка за Украина со издавање две изјави во кои ја предупредува Москва дека алијансата е свесна што прави Русија. Исто така, значително го зголеми споделувањето разузнавачки информации меѓу земјите-членки за да имаме заедничка слика за тоа што се случува Русија регрутира околу 30.000 војници месечно, поради што може да си дозволи големи загуби на линијата на фронтот“, додаде тој.