Славната холивудска актерка Пита Вилсон своевремено изјавила дека рускиот претседател Владимир Путин, се обидел да ја заведе со што предизвика лавина коментари во светската јавност.

Пита се прослави со улогата во серијата за тајните агенти „Никита“ пред повеќе од 20 години, глумеше во уште неколку филмови, а потоа во 2012 година реши да се повлече од јавноста и да почен свој бизнис.

Во нејзините најславни денови фаталната русокоса актерка ја поврзуваа со Расел Кроу како и со фронтменот на Ролинг Стонс, Мик Џегер, а од 1997 година Пита стапи во брак со режисерот Дамијан Харис со кој го има синот Марлоу.

Во едно интервју, Пита Вилсон раскажа како во 2002 година била на меѓународен филмски фестивал во Москва каде се обидел да ја освои, ни помалку ни повеќе – Владимир Путин. И дека тоа искуство за неа бил „вистински кошмар“.

Тие се нашле сами во соба, откако Путин на сите им наредил да излезат од просторијата, а тој, како што истакна актерката, се обидел да ја заведе со дијамантска огрлица.

„Ми се додворуваше, беше упорен. Ме ранеше и ми раскажуваше за вотката. Моето момче беше покрај мене, но кога се свртев, него веќе никаде го немаше. Беше тоа вистински кошмар“ – вака Пита Вилсон ја опиша блиската средба со рускиот претседател.

По оваа изјава која која предизвика бура во светската јавност, се огласи и тогашниот шеф на фестивалот и домаќин на вечерта, Никита Михалков, со демант за нејзините изјави.

Михалков истакнал дека Пита можела само да сонува и да се чувствува привилегирано ако Путин и се „нафрлал“, но дека тоа не се случило и дека не и дал никаква огрлица, туку приврзок кој го спонзорирала некоја златарница. Михалков изјавил и дека актерката била под дејство на алкохол и флертувала со претседателот пред нејзиниот вереник, а Путин „секогоша имал почитување за пијани жени и не сакал да ја искористи“. Тој дури додал и дека Пита Вилсон толку станала „напорна“ и дека обезбедувањето морало да ја исфрли од забавата.

На фотографиите од тоа време пак, може да се види дека актерката навистина била во друштво со Путин и дека љубезно разговарале , се смееле и флертувале на споменатата вечера.