Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидува зголемување на данокот на добивка од 20 на 25 отсто, објавено е денеска на официјалната веб-страница за правни информации. Се очекува дека дополнителната заработка на државата од зголемувањето на корпоративниот данок би можела да биде околу 1,6 трилиони рубљи (17,85 милијарди долари) во 2025 година, пренесе ТАСС.
Дополнителните приходи од 2025 до 2027 година треба да и донесат на Русија пет трилиони рубљи (55,8 милијарди долари), според финансиската и економската оправданост на документот. Законот, исто така, предвидува намалување на федералниот данок на инвестиции што овозможува намалување на износот на данокот на добивка. Со оваа уредба се воспоставени и стимулации за малите технолошки компании, пренесува Танјуг.