Рускиот претседател Владимир Путин призна дека на почетокот од 21 век имало идеја за негов двојник со цел да се осигура безбедност на шефот на државата, но оти тој одбил.

– Ја отфрлив идејата за каков било дублер. Тоа беше за време на најтешкиот период на нашата војна против тероризмот, изјави Путин за руската новинска агенција ТАСС во интервјуто „20 прашања со Владимир Путин“.

Последните 20 години руската јавноста често изнесуваше претпоставки дека претседателот на Русија користи двојник на настани на кои неговиот живот би бил доведен во опасност.

Извор: МИА