Путин како вистински хипстер во „New Balance“ патики/фото

110

Нема ништо подобро од удобни патики, особено ако цел ден сте на нога. Истото мислење веројатно го дели и рускиот претседател Владимир Путин. Нему најпогодени му се патиките од брендот „New Balance“.

Путин е фотографиран во тренди облека за време на посетата на училиштето за напредни деца во градот Сочи на крајбрежјето на Црното море. За време на посетата на образовниот центар, Путин се распрашувал за тоа како функционира училиштето и кои се понатамошните планови за развој.

Таа вечер Путин присуствувал и на хокеарскиот натпревар во Арената Бољшој на Континенталната хокејска лига.