Путин и Ердоган ќе остварат средба во Сочи

11

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин утре ќе остварат средба во Сочи, со цел да разговараат за ситуацијата во Сирија.

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу информираше за средбата на Ердоган и Путин за време на посетата на Пакистан, забележувајќи дека Анкара сака мирно решение за Идлиб.

– Ние ќе ги продолжиме нашите напори со Иран и Русија. Ќе ги продолжиме нашите напори и на меѓународно ниво, посочи Чавушоглу.