Путин: Изборите во септември се настан од најголемо значење

40

Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша претстојните парламентарни и локални избори, кои ќе се одржат во септември, како „настан од најголемо значење“, нагласувајќи дека мора да бидат организирани согласно важноста.

– Тоа е клучен настан во животот на државата, истакна Путин на состанокот со постојаните членови на Рускиот безбедносен совет.

Според него, неопходно е да се разговара за многу прашања, со цел да им се помогне на гласачите, изборните комисии и членовите на изборниот комитет да биде се организирано на најдобар начин.