Путин го разреши директорот на затворската служба по скандалот со тортура на затвореници

54

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за разрешување на директорот на Федералната служба за спроведување на затворските санкции Александар Калашњиков, соопшти прес-службата на Кремљ.

Со друг декрет е назначен Аркадиј Гостев, кој досега беше заменик министер за внатрешни работи.

Калашњиков е разрешен само неколку недели откако протекоа видеа на кои се гледа дека затвореници биле подложени на тортура и сексуални напади.

Кремљ не ја наведе причината за разрешувањето на Калашњиков, но, неговата служба покрена кривична истрага за инцидентите во затворот во регионот Саратов минатиот месец. Властите реагираа откако група која се залага за правата на затворениците на Гулагу.нет почна да објавува видео-снимки за кои тие тврдат дека се доказ за „оркестриран садизам“ во затворот.