Путер од вода со помалку калории, нутриционистите негодуваат

43

Сакате да јадете путер на леб. Тогаш сигурно знаете колку тој е полн со заситени маснотии и колку е висококалоричен. Од тие причини, научниците одлучиле да направат алтернатива на база на вода. Се работи за путер кој се состои од 80 отсто вода и 20 отсто маснотии, додека обичниот путер има 80 отсто масти.

Една лажица од овој путер содржи четвртина масти односно 2,8 грама и 25,2 калории. Но, научниците се уште не знаат кога овој производ ќе биде достапен и каков е неговиот вкус. Претходните верзии на здрав путер ги разочараа купувачите. Сепак, тие објаснуваат дека начинот на кој е подготвен путерот му носи на овој намаз слична конзистенција на правиот путер, па така и кремаста структура.

Комбинацијата на вода и масло не е ништо ново, но научниците сега употребиле нова технологија за да направат совршена мешавина на одличен заменски путер.

Иако научниците веруваат дека нискокалоричниот путер е успех, нутриционистите не се согласуваат со тоа. Тие тврдат дека кога се работи за путер најдобро е да се користи што помалку, па дури и заменските верзии. А, доколку се користи, подобар е вистинскиот путер, а не нешто што е емулгирано.