Италијанскиот калчо гигант Милан со големо внимание ја следи ситуацијата околу американскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Кристијан Пулишиќ. Искусниот играч за врска ќе биде еден од многуте фудбалери кои ќе си заминат од „Стемафорд Бриџ“ за време на летниот преоден рок, а челниците на Милан се подготвени да одвојат околу 20 мил. евра за неговото обештетување.