Пукање пред Градска болница – влетал со „голф“, па извадил пиштол

948

Пукање пред болницата „Свети Климент Охридски“ во центарот на Скопје, односно поранешната Градска болница ги вознемири попладнево жителите на Центар.

Едно лице е повредено и веднаш хоспитализирано, пренесува Локално.

Според информациите кои ги пренесуваат дел од медиумите, возило од марката „Голф 5“ влетало болницата, а потоа и едно лице извадило пиштол и го вперило во полицијата.