Пукање во средно училиште во Џорџија: Најмалку две лица настрадаа, а неколку се повредени/видео

28

Најмалку две лица загинаа, а четири се повредени во пукање во средно училиште во северна Џорција, соопштија официјални лица.

Канцеларијата на шерифот на округот Бароу соопшти дека повеќе агенции за спроведување на законот, како и противпожарни служби и служби за итни случаи, биле испратени во средното училиште Апалачи во Виндер околу 10:30 часот кога било потврдено пукањето.

Најмалку едно лице е во притвор, соопшти канцеларијата, додавајќи дека неколку жртви биле итно пренесени во болница со прострелни рани.

Полицијата одговори на инцидентот во средното училиште Апалачи во Виндер, Џорџија, кое е на околу 45 милји од Атланта.