Пукање во Сараево, убиено најмалку едно лице

79

Во населбата Булевар во сараевската општина Илиџа имало пукање, потврди полицијата. Нема официјални информации за жртвите, но сараевските медиуми јавуваат дека е убиено најмалку едно лице.

Од МУП на кантонот Сараево потврдија дека на местото на престрелката, во населбата Булевар, има полициски екипи, јавува РТС.

Полицијата не соопшти дали има жртви, но сараевските медиуми неофицијално дознаваат дека е убиено најмалку едно лице.

Според порталот Кликс, пукањето се случило пред продажен објект каде во моментот се наоѓале неколку лица.