Пуиг само како позјамен

51

Новајлијата во англиската Премиер лига, тимот на Лидс Јунајтед, најверојатно ќе биде следната дестинација на големиот талент од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Рики Пуиг. Офанзивниот играч за врска има мала минутажа во актуелната сезона и затоа ќе му биде дозволено пролетниот дел да го одигра како позајмен играч за некој друг клуб. Лидс веќе има испратено понуда за позајмица, но англискиот премиерлигаш ќе нема право да го откупи неговиот договор.